За нас

Добредојдовте на веб-страната Смарт вижн

Се надеваме дека веќе е, или пак ќе стане место кое секојдневно ќе го посетувате и каде ќе ги најдете сите потребни производи и информации, како за домот така и за бизнисот. Smart Vision е малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, видео надзор, алармни системи, електрични тротинети, клима уреди, апарати за домаќинство, во Македонија од најреномираните брендови.

Компанијата се појавува на пазарот со цел да најновите производи на најсовремената технологија станат подостапни до сите клиенти како и бизнис кој постојано се надградува и постојано нуди новитети за да може временски да го прати брзиот технолошко-техничкиот развој како и брзото темпо на живот, кој е во интерес на клиентите.

Ние за нашите потрошувачи, ќе се потрудиме преку постојаното ажурирање на веб страната да ви ги понудиме најбараните, најпродаваните и најквалитетните производи, нудејќи ви можности, акции и содржини за да го оправдаме времето и вниманието кое ни го посветувате.

Водени од желбата секој производ да е достапен за секого а во насока на излегување во пресрет на потрошувачите оваа компанија ви нуди можност купувачот да одбере начин на кој ќе го купи производот и тоа: онлајн купување со кредитни картички, наплата при достава,  или пак преку продажба на рати.

Дополнително, за најдобро можно купувачко искуство, Смарт вижн нуди и широка палета на услуги на своите клиенти како инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава.

Срдечен поздрав,

Мисија, визија и вредности

МИСИЈА

Да им овозможиме на клиентите квалитет и достапност до сите производи, преку одбрана палета на производи и брендови со веќе докажан квалитет и услуги, кои што пак креираат дополнителна вредност.

ВИЗИЈА

Да станеме реномирана компанија во Македонија.

ВРЕДНОСТИ

Доверба, Квалитет, Одговорност, Иновативност, Личен и компаниски развој.